SportM
Фудбал

Барселона се закани со тужба, а потоа синоќа нетрпеливо чекаше Гризман да влезе во игра

Д М11 сеп 2022
Барселона се закани со тужба, а потоа синоќа нетрпеливо чекаше Гризман да влезе во игра

Барселона пред неколку дена објави дека ќе го тужи Атлетико Мадрид за начинот на кој се однесуваат кон Антоан Гризман.

 

Гризман минатото лето се пресели во Атлетико на двегодишна позајмица, а клубот од Мадрид треба да биде обврзан да го откупи договорот на францускиот напаѓач на крајот од оваа сезона за 40 милиони евра.

 

Сепак, Атлетико летово се предомисли и сфати дека не сака да го откупи договорот и најде неверојатна дупка во договорот со Барселона.

Имено, Атлетико Мадрид на крајот од сезоната нема да биде обврзан да го откупи договорот на Гризман доколку игра помалку од 30 минути по натпревар во текот на целата сезона, што се случува во моментов.

 

Гризман од стартот на сезоната секој меч го започнува од клупата за резерви, а шанса доби дури по 60. минута од натпреварот. Поради ова секој пат играше помалку од половина час од регуларниот дел, бидејќи во сето тоа не се смета судиското обештетување.

 

Поради ова во Барселона се бесни бидејќи Атлетико се обидува да ја избегне зделката, а најавија и тужба против овој клуб и веќе бараат да им платат 40 милиони евра.

Во Барселона сметаат дека тоа што го прави Атлетико е бесмислено, бидејќи Гризман веќе ги исполни сите услови за откупување на договорот минатата сезона, вклучително и минутажа во дресот на клубот од Мадрид.

 

Но и покрај тоа, очигледно е дека Атлетико Мадрид не се откажува од својот план, што се виде и на синоќешниот натпревар против Селта Виго.

 

Атлетико на овој меч победи пред своите гледачи со 4:1, а Диего Симеоне на терен го испрати Гризман дури во 63. минута, што покажува дека клубот не е загрижен поради најавата за тужбата од Барселона.

Се очекува наскоро да се огласи Ла Лига, по што треба да биде јасно дали планот на Атлетико е навистина успешен или и покрај напорите на крајот ќе мора да го откупи Гризман од Барселона за 40 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.