SportM
Фудбал

Барселона, сепак, без Левандовски три првенствени натпревари

Д М24 дек 2022
Барселона, сепак, без Левандовски три првенствени натпревари

Спортскиот суд во Мадрид ја отфрли жалбата на Барселона против суспензијата од три натпревари на полскиот фудбалер Роберт Левандовски во шпанската лига што ја заработи поради исклучувањето против Осасуна на 8 ноември, објавија шпанските медиуми.

Така, Левандовски ќе мора да ги пропушти првенствените натпревари против Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе, но ќе може да игра во шпанскиот Копа дел Реј и Суперкупот. Тоа беше прво исклучување за Полјакот од февруари 2013 година, кога заработи црвен картон играјќи за Борусија Дортмунд.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.