SportM
Фудбал

Барселона сепак не го сака Кавани

Д М21 дек 2021
Барселона сепак не го сака Кавани

Иако се пишуваше дека Барселона сака да го доведе Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед, веќе во јануари, новинарот Фабрицио Романо објави дека англискиот клуб всушност не добил никаква понуда за Уругваецот, ниту од шпанскиот клуб, ниту од бразилскиот Коринтијанс, со кого и го поврзале.

„Манчестер Јунајтед се уште нема добиено никаков пристап од Барселона за Единсон Кавани. Во Барселона и понатаму го сметаат Феран Торес за важен член на тимот и немаат намера да го променат тоа. Истото важи и за гласините за Коринтијанс. Нема понуда за Кавани во јануари“, напиша Романо.

Кавани, кој во февруари наполни ќе 35 години, до крајот на сезоната има договор со Манчестер Јунајтед и речиси е сигурно дека нема да му биде понуден нов. Сезонава одигра пет натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.