SportM
Фудбал

Барселона три натпревари без Меси

Д М26 сеп 2019
Барселона три натпревари без Меси

Лионел Меси се повреди во натпревар од Ла Лига против Виљареал.

Најдобриот фудбалер на светот го напушти дуелот против „Жолтата подморница“ на полувремето, а како што се претпоставува, Аргентинецот ќе паузира неколку натпревари.

Според шпанското списание „АС“, актуелниот шампион на Шпанија нема да може да смета на Меси во наредните три натпревари, но сè уште нема официјална потврда.

Сигурно е дека Меси ќе го промаши натпреварот против Гетафе во текот на викендот и натпреварот во Лигата на шампионите против Интер.

Се претпоставува дека тој ќе биде надвор од теренот за натпреварот против Севилја.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.