Барселона веќе има замена за Сетиен

Кике Сетиен скоро сигурно нема да го предводи тимот на Барселона следната сезона.
61-годишниот стручњак го презеде раководството на каталонските гиганти од Ернесто Валверде во јануари, но никој не е задоволен од неговото раководство на тимот.
Тој успеа да ја намали предноста пред Реал Мадрид и Барса сега е на четири бода зад најголемиот ривал во борбата за титулата, а се повеќе е сигурно дека Сетиен нема да седне на клупата на клубот следната сезона.
Тој би можел да биде заменет со Гарсија Пимиенти како преодно решение до крајот на сезоната, а Чави Ернандез веројатно ќе седне на клупата на Каталонците од следната сезона.
Легендата на клубот од „Камп Ноу“ веќе постигна договор со неговиот сакан тим и од следната сезона веројатно ќе го гледаме како тренер на Барселона.
Чави во моментов го предводи катарскиот Ал Сад, каде ја заврши својата професионална фудбалска кариера во 2019 година, а беше и кандидат за тренер откако Валверде ја напушти клупата.



