Барселона загрижена за задоцнетото враќање на Рафиња, но Деко ја смирува ситуацијата

Со продолжувањето на Ла Лига, атмосферата во Барселона е особено напната, бидејќи клубот се соочува со две деликатни прашања кои се појавија за време на последната пауза за репрезентативни натпревари.
Додека физичката состојба на Френки де Јонг останува главен извор на загриженост во Каталонија, начинот на кој е управувана ситуацијата со Рафиња особено го вознемирила персоналот во кампот на ‘блауграна’.
По добивањето црвен картон во поразот од Јапонија, што доведе до негово суспендирање за вториот пријателски натпревар против Сингапур, бразилскиот крилен играч остана со ‘Селесао’, наместо да се врати порано во Шпанија за рехабилитација.
Ова предизвикало значително разочарување кај тренерот Ханси Флик, кој би сакал веднаш да го има на располагање еден од клучните играчи, во пресрет на официјалните натпревари што се приближуваат.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, се обиде да ја ублажи ситуацијата, отфрлајќи ги сите претензии за несогласувања со бразилската федерација: „Разговаравме со Бразилската фудбалска федерација”.
“Имам одличен однос со нивниот спортски директор и ова го дискутиравме. Ситуацијата всушност многу не се промени: требаше да се врати порано, но беше предвидена прослава. Како и да е, тој продолжи редовно да тренира, без никаков проблем“, рече Деко.



