SportM
Фудбал

Мурињо: Кога ќе победиш 8 натпревари по ред, се буди желба за деветтата победа

SPORTM.mk19 ное 2026
Мурињо: Кога ќе победиш 8 натпревари по ред, се буди желба за деветтата победа

Реал Мадрид на Жозе Мурињо конечно го најде вистинскиот ритам. Победата од 3-0 што „кралскиот клуб“ ја постигна пред 10 дена на „Местаља“ против Валенсија ја означи нивната осма победа по ред.

Португалскиот тренер, со враќањето на првенството по паузата заради репрезентациите, сака да не се застане тука. „Кога ќе достигнеш 8 победи по ред не сакаш да застанеш, туку тоа ни кажува дека треба да ја победиме следната средба“, рече Мурињо.

„Во животот, импресивните бројки со текот на времето се забораваат, не можеш да живееш со статистиките од минатото. Треба да се храниш од сегашноста. 8 победи по ред се извор на голема гордост“, додаде Португалецот.

Понатаму, тој изјави: „Ла Лига имала тренери од високо ниво и да го гледаш своето име покрај нив во овие статистики навистина е задоволство. Но сега почнува период исполнет со натпревари и треба да продолжиме вака“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.