Бартомеу: Нејмар замина и нема да се врати
Д М22 окт 2018

Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, ја отфрли веројатноста за враќање на Нејмар.
Претходно, шпанските медиуми ги раширија информациите дека Бразилецот може да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“.
– Нејмар си замина и нема да се врати. Неговото враќање не е планирано. Не добив никакви повици од неговиот агент. Немаше никакви состаноци. Тој донесе одлука за својата иднина, ПСЖ ја плати сумата за клаузулата и стана играч на францускиот тим. Не ни се допадна неговото заминување, изјави Бартомеу.
Бразилскиот фудбалер од Барселона направи трансфер во Пари Сен Жермен за рекордна сума од 222 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



