SportM
Фудбал

БЕИН Спортс ги повика клубовите од Премиер лигата да го блокираат договорот со Њукасл

Д М22 апр 2020
БЕИН Спортс ги повика клубовите од Премиер лигата да го блокираат договорот со Њукасл

„БЕИН Спортс“ (beIN Sports) кој е долгогодишен партнер и огромен инвеститор во Премиер лигата, преку писмо ги повика сите клубови од ПЛ да ја стопираат продажбата на Њукасл на Саудискиот државен инвестициски фонд, предводен од принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Компанијата со седиште во Катар очекува клубовите да го сопрат договорот вреден 300 милиони фунти, предупредувајќи на вмешаност на Саудиска Арабија за ТВ пиратството поради конфликт со пиратскиот канал „beoutQ“ што емитува натпревари нелегално.

„БЕИН Спортс“, кој дава 500 милиони фунти за клубовите за 3 години, им напиша писмо на сите во Премиер лигата.

„Опасноста од контролирање и материјален интерес во значаен клуб од Премиер лигата од она, што претставува владата на Саудиска Арабија, не може да биде игнорирано, со оглед на претходните (и сè уште тековни) нелегални акти кои имаат директен ефект врз комерцијалниот аспект на Премиер лигата, тамошните клубови, партнерите за емитување и целиот фудбал. Како долгогодишен партнер и огромен инвеститор во Премиер лигата, ве повикуваме внимателно да ја разгледате можноста за тоа да се случи“, предупреди „БЕИН Спортс“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.