Бејл: Ако кажам нешто, ќе предизвикам хаос

Со последниот натпревар во сезоната, истече периодот на позајмица во Тотенхем за Герет Бејл. Пртлите славеа на гостувањето кај Лестер со 4:2, а Бејл постигна два гола.
Во изјавата за Скај Спорт по натпреварот, Бејл рече дека не сака да зборува за неговиот следен потег затоа што тоа „ќе предизвика хаос“, а исто така рече дека не знае ништо за иднината на Хари Кејн.
„Сè ќе се случи по завршувањето на Европското првенство. Знам кој е мојот следен чекор, но ќе предизвикам хаос ако кажам нешто“ , рече Бејл .
На прашањето кога може да ја објави веста, тој рече:
„Кога ќе одлучам да го сторам тоа. Не мислам на тоа сега. Сè што мислев е добро да ја завршам сезоната и да се концентрирам на ЕУРО, не мислам на ништо друго освен на Велс“.
Последните недели многу се зборуваше за иднината на Хари Кејн во Тотенхем, има многу приказни за неговото заминување, но Бејл не знае ништо за тоа:
“Не знам. Тој е фантастичен играч и никој не може да каже дека немал друга фантастична сезона. Тој е играч на Тотенхем. Сите го сакаат во клубот, тој е исклучително важен играч и сите сакаат тој да остане таму каде што е“, изјави Велшанецот.



