SportM
Фудбал

Бејл го најави својот престој во Реал

Д М20 јун 2021
Бејл го најави својот престој во Реал

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл има намера да игра за Реал Мадрид и следната сезона.

Бејл обезбедува добри игри на Европското првенство во дресот на Велс, а неговиот избор денес игра против Италија во 3. коло.

Во меѓувреме, Реал го презеде Карло Анчелоти, па се поставува прашањето дали Бејл, кој беше на позајмица во Тотенхем, ќе остане во Мадрид.

Двајцата веќе соработуваа во 2013 година во Мадрид, и токму тие двајца дојдоа заедно во клубот тоа лето.

“Можам само да кажам дека имав одличен однос со него. Тој е одличен тренер и ќе направи големи работи за Реал Мадрид”, изјави Бејл.

Неговата изјава беше толкувана како потврда за неговиот престој во Реал, особено сега кога обезбедува добри игри на Еврото.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.