Бејл зборуваше за времето поминато во Реал

Герет Бејл го напушти Реал Мадрид каде не уживаше во последните две сезони во најмала рака.
После многу несогласувања и тешки зборови, Бејл реши да се врати во Тотенхем од каде пристигна во Мадрид.
Тој зборуваше за медиумите на островот за неговото време во Реал и рече дека не жали што е дел од семејството Мадрид и покрај проблемите што ги имаше таму.
„Не, не жалам за времето поминато во Реал. Јас само играм фудбал. Тоа е сè што реков. Повторувам, не жалам за тоа што го направив. Знам што мислам за себе, моето семејство знае кој сум и само за тоа се грижам“, истакна Бејл.
“Секако, преселувајќи се во друга култура, во друга земја, пораснав како личност, а да не спомнувам напредок во фудбалот. Вие само научите да се справувате со ситуациите во кои се наоѓате. Имаше напнати моменти, бев исвиркан за време на натпреварите. Но, научив да се носам со тие работи, да не ги сфаќам при срце. Фудбалот е она што сакам да го правам. Треба да го покажете својот максимум, а понекогаш и тоа е сè што можете да направите “, додаде Бејл.



