Белгиецот се врати: Зидан ретко зборува за некој како за Азар

Еден Азар стана фудбалер на Реал Мадрид ова лето, откако пристигна од Челзи за 100 милиони евра.
Првите неколку месеци од авантурата на Азар во Шпанија не поминаа според планираното, бидејќи периодот на адаптација беше проследен со повреда на стапалото.
Одличниот Белгиец не играше во последните три месеци, но би можел да добие неколку минути против Селта бидејќи се врати во списокот.
Зинедин Зидан е воодушевен што се врати 29-годишниот играч во тимот. Ретки се фудбалерите за кои францускиот стручњак зборува со пофалби како белгискиот репрезентативец.
„Знаеме што добива тимот кога имаат некој како Еден. Тој е исклучителен играч. Тој тренира и е подготвен да игра. Тој е единствен играч и ние сме среќни што го имаме“, рече Зидан.
Азар досега има забележано само 13 настапи и постигна еден гол, но се чини дека клучниот дел од сезоната, кога Реал ги има најважните натпревари, ќе ги дочека потполно подготвен.



