SportM
Фудбал

Бен Вајт го продолжи договорот со Арсенал

Д М14 мар 2024
Бен Вајт го продолжи договорот со Арсенал

Фото: Arsenal’s Ben White during the English Premier League soccer match between Arsenal and Brentford at the Emirates stadium in London, Saturday, March 9, 2024.(AP Photo/Frank Augstein)

Фудбалерот на Арсенал, Бен Вајт, потпиша нов, повеќегодишен договор со лондонскиот клуб.

Во соопштението на Арсенал не се наведени детали за договорот, но британските медиуми тврдат дека Вајт ќе остане во лондонскиот клуб до јуни 2028 година со можност за продолжување на уште една сезона. Тој имаше договор со Арсенал до јуни 2026 година.

„Среќни сме што потпишуваме нов долгорочен договор со Бен. Нашите навивачи го сакаат, со нетрпение очекуваме да уживаме во неговите игри во наредните години“, изјави спортскиот директор на Арсенал, Еду.

Вајт (26) е член на Арсенал од 2021 година. Претходно играше за Лидс, Питерборо, Њупорт, Брајтон и Саутемптон.

Вајт оваа сезона одигра 39 натпревари за лондонскиот клуб и постигна два гола. За репрезентацијата на Англија одигра четири натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.