Бенатија: Бев близу до повраток во Италија

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Меди Бенатија откри дека беше близу до повраток во Серија А ова лето.
Мароканецот замина во Катар во Ал-Духаил во јануари, откако мина две и пол сезони во Јувентус, а веќе имаше понуда да се врати во Италија ова лето.
Бенатија ова го откри во интервју за „Тутоспорт“, изјавувајќи, меѓу другото, дека имал конкретни дискусии со Фредерик Масаро, кој летово функцијата на спортскиот директор на Рома ја замени со онаа на Сан Сиро.
„Имав разговори со Рома додека Масаро беше во клубот, а потоа отиде во Милан и се обиде да ме донесе повторно“, рече Бенатија.
Наместо да се врати во Серија А, тој на крајот остана во Катар.
„Мојот Ал-Духаил не сакаше да ме пушти. Не жалам, среќен сум овде“, додаде 32-годишниот фудбалер.
Покрај Јувентус, Бенатија играше и за Баерн, Рома, Удинезе, Марсеј, Лориент …



