SportM
Фудбал

Бенфика го сака човекот кој го „осакати“ Реал Мадрид

Д М11 јун 2023
Бенфика го сака човекот кој го „осакати“ Реал Мадрид

Раководството на Бенфика размислува за некои офанзивни решенија во случај Гонзало Рамос да го напушти клубот.

Многу луѓе се заинтересирани за одличниот репрезентативец на Португалија, но се уште нема конкретни активности околу неговиот трансфер.

Сепак, на „Да Луж“ се свесни дека може да се случи трансфер, па веќе подготвуваат алтернативи. Еден од нив е напаѓачот на Џирона, Валентин Тати Кастеланос. Тој игра за шпанскиот клуб како позајмен од Њујорк Сити. Двата тима припаѓаат на добро познатата „Сити груп“.

Минатата сезона беше прва за Кастеланос на европско тло и може да се каже дека се снајде многу добро. Тој постигна 13 гола во Примера со една асистенција на 35 настапи, но дефинитивно највпечатлив настап беше оној против Реал Мадрид на крајот на април кога постигна четири гола. После тоа погоди против Севиља и Мајорка.

Се споменува дека Бенфика е подготвена да плати 15.000.000 за услугите на Тати Кастеланос.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.