Бенфика ќе биде домаќин на Арсенал надвор од Португалија
Д М28 јан 2021

Коронавирусот ќе создаде проблеми за клубовите во нокаут фазата на европските натпреварувања.
Првите такви последици ќе ги почувствува Бенфика, која ќе го игра домашниот натпревар од 1/16 финале во Лигата на Европа против Арсенал како домаќин на неутрален терен надвор од Португалија.
Имено, според законот во Португалија, секој што влегува во земјата мора да биде во изолација десет дена. Ова не им одговара на играчите на Арсенал, поради густиот распоред во Премиерлигата, но и ретко на кој тим би му одговарало вакво сценарио во активната полусезона.
Бенфика ќе мора да најде нов стадион, но во држава чии закони го изоставија карантинот за посетители од други земји.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



