SportM
Фудбал

Бенитез: Наполи го има она што е потребно за да ја освои Серија А

Д М28 дек 2022
Бенитез: Наполи го има она што е потребно за да ја освои Серија А

Поранешниот тренер на Наполи, Рафаел Бенитез зборуваше за своите размислувања за позицијата на тимот во Италијанското фудбалско првенство.

-Нема да давам прогнози на тема освојување на шампионатот, подобро е да молчиме. Но, тимот има се што ви треба – ентузијазам, квалитет на игра, пристап. Паузата за Светското првенство, може да помогне, да ја освежи силата на тимот, ги цитира „Pianetamilan.it“ зборовите на Бенитез.

Наполи не е шампион на Италија од 1990 година. По 15 кола, тимот води со осум бода предност од најблискиот на табелата во Серија А.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.