SportM
Фудбал

Бензема: Халанд? Нека дојде …

Д М15 мар 2021
Бензема: Халанд? Нека дојде …

Напаѓачот на Реал Мадрид одговори на некои новинарски прашања пред дуелот со Аталанта, а едно од нив беше поврзано со Ерлинг Халанд.

Талентираниот норвешки напаѓач се поврзува со Мадрид веќе подолго време и тој може да го замени дресот на Борусија со дрес на Реал на лето. Најдобриот стрелец на „кралевите“, Карим Бензема, нема ништо против.

“Не сакам да зборувам за играчи кои не се тука во нашиот тим. Постојано зборуваме за оние кои не се во Реал, кои даваат многу голови … Халанд постигнува многу голови, тоа е точно, но тој го прави тоа за неговата Борусија “, рече Бензема, потоа додаде:

„И ако еден ден има можност да дојде овде, нека дојде, не ми пречи“, рече Бензема.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.