SportM
Фудбал

Бензема по враќањето во француската репрезентација

Д М19 мај 2021
Бензема по враќањето во француската репрезентација

Дидие Дешамп вчера го објави списокот на репрезентацијата на Франција за претстојното Европско првенство.

Јавноста во Франција вчера со нетрпение чекаше Дешамп да го објави списокот бидејќи цел ден се шпекулираше дека тој ќе го врати Карим Бензема во националниот тим по шест години.

Тоа се покажа како точно затоа што Дешамп синоќа го откри списокот на играчи за ЕП, на кој се најде и Бензема, што ги воодушеви навивачите во оваа земја.

Бензема последен пат играше во дресот на Триколорите во октомври 2015 година и повеќе не доби повици поради скандалот со Валбуена.

Сепак, сега сето тоа е зад нив и Дешамп одлучи дека Бензема „одмори“ доволно и одлучи да го покани во националниот тим за да им помогне во потрагата по европската титула.

Навивачите во Франција не го криеја својот ентузијазам дека Бензема е повторно во националниот тим, а тоа важи и за другите репрезентативци кои го пречекаа својот поранешен капитен.

Откако списокот беше објавен и впечатоците стивнаа, Бензема реши да се огласи на Инстаграм.

“Јас сум многу горд што се вратив во француската репрезентација и ми ја дадоа довербата. Им благодарам на моето семејство, пријатели, клубот и на сите вас кои секогаш ме поддржувавте. Одиме Плави, Еуро 2021! Алхамдулила,” – рече Бензема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.