Бензема повторно надвор од репрезентативниот тим, Зидан имаше интересен одговор
Д М23 мар 2021

Францускиот напаѓач Карим Бензема е во одлична форма.
Бензема на последните два меча му донесе шест бода на Реал, но повторно го нема на списокот на француската репрезентација за квалификациските натпревари.
Во Реал се задоволни и од тоа, свесни колку им значи овој искусен напаѓач.
„За мене како тренер на Реал Мадрид е подобро тој да остане со нас. Мислам дека тоа е нормално и очигледно. Тој прави големи работи, беше спектакуларен “, изјави тренерот на Мадрид, Зинедин Зидан.
Бензема постигна четири гола за Реал на последните два натпревари.
Реал заостанува четири бода зад водечкиот Атлетико Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



