SportM
Фудбал

Бензема во текот на кариерата се обиде да копира само еден човек, откри и кој

Д М3 јун 2022
Бензема во текот на кариерата се обиде да копира само еден човек, откри и кој

Карим Бензема е најозборуваниот фудбалер со недели.

Иако игра на врвно ниво повеќе од една деценија, впечаток е дека Французинот само во последните неколку сезони блесна во полн сјај.

 

Многумина се подготвени да кажат дека одличниот напаѓач здивна откако Реал Мадрид го остави Кристијано Роналдо и конечно ги фати клучевите од нападот на Лос Бланкос.

 

Во неодамнешното интервју на Бензема, тој откри дека само се обидувал да го ископира Роналдо од времето кога првпат пристигнал во Реал во 2009 година.

 

„Кога гледав што прави, се обидов да се концентрирам на неговите движења, дриблинг, финиширање, додавање, неговото водење на топката…“, изјави Бензема.

“Проучив се што го засега, но тогаш беше невозможно сето тоа да се повтори“, додаде големиот Французин.

 

Роналдо и Бензема беа дел од златната генерација на Реал Мадрид, која освои три ЛШ во низа од 2016 до 2018 година.

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.