SportM
Фудбал

Бензема заврши со настапите во репрезентативниот дрес

Д М11 окт 2018
Бензема заврши со настапите во репрезентативниот дрес

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема најверојатно веќе нема да игра за репрезентацијата на Франција, објави претседателот на тамошната федерација Ноел Ле Грат.

Бензема последен пат за „триколорите“ настапи во 2015 година. Тогаш се појави аферата со уценувањето на соиграчот од националниот тим Метју Валбуена, случај за кој се очекува судски епилог во многу скоро време.

– Покрај аферата со уценувањето на Валбуена, Бензема не игра ниту во најдобра форма во Реал Мадрид и мислам дека неговата репрезентативна кариера е завршена, изјави Ле Грат.

Бензема има одиграно 81 натпревар за Франција и постигнато 27 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.