Бербатов: Ако не се наметне, Мурињо ќе го врати Бејл во Реал

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пристигна во Тотенхем на почетокот на сезоната на позајмица од Реал Мадрид.
Од него се очекуваше да се врати на патеките на старата слава во неговиот поранешен клуб, и да формира смртоносно „трио“ со Кејн и Сон, за кое спротивните одбрани нема да имаат решение.
Сепак, Бејл не ги оправда очекувањата, а менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо најмногу го држи на клупата за резервни играчи.
Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Димитар Бербатов, зборуваше за „случајот Бејл“.
„После трансферот во Тотенхем, очекував многу од Герет. Мислеше дека ќе се „размрда“ и ќе создаде убедливо трио со Кејн и Сон слично на напаѓачкото трио на Ливерпул“, рече Бербатов и додаде:
„Дефинитивно сега не оди добро. Се надевам дека ќе се врати во најдобрата форма и ќе започне да игра. Ако не, решението ќе биде едноставно – тој ќе се врати во Реал Мадрид. Без оглед на причината поради која не играше, Герет сега е здрав, но оттогаш не играше, што значи дека тој не го покажува нивото на фудбал што Жозе Мурињо сака да го види. Многу ми е жал, затоа што навистина ми се допаѓа Герет“, додаде Бербатов.



