SportM
Фудбал

Бербатов: „Солскјер не е вистинскиот човек за Јунајтед, Конте би донел дисциплина“

Д М28 окт 2021
Бербатов: „Солскјер не е вистинскиот човек за Јунајтед, Конте би донел дисциплина“

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов смета дека Антонио Конте добро би се снашол на клупата на „црвените ѓаволи“.

Оле Гунар Солскјер се чинеше дека е пред отказ по дебаклот во дуелот со Ливерпул (0:5), но досега „преживеа“.

„Судејќи според натпреварот со Ливерпул, Солскјер не е вистинскиот човек да го води клубот напред. За некои навивачи тоа е најважниот натпревар во сезоната, сакаме да го победиме Ливерпул можеби повеќе отколку да го победиме Манчестер Сити. Сепак, мора да ја погледнеме пошироката слика, има уште многу игри. Меѓутоа, доколку не победат во следните два меча, Оле ќе биде во голема неволја“, изјави 40-годишниот Бербатов.

Се шпекулираше дека Солскјер би можел да биде заменет со Конте, кој беше менаџер на Челзи од 2016 до 2018 година, со титула шампион.

„Тој беше шампион со Интер и Челзи. Конте има репутација на човек кој работи напорно, тоа сум го слушнал многу пати. Тој веќе имаше успеси во Премиер лигата, а можеби некои мислат дека на Јунајтед сега му треба подисциплиниран пристап – да им каже на играчите што точно очекува менаџерот и дека ќе одат на клупата ако не го направат тоа“, додаде Бербатов, кој го носеше дресот Јунајтед од 2008 до 2012 година.

Јунајтед моментално е седми на табелата во Премиер лигата со 14 бодови, осум помалку од лидерот Челзи. Во Лигата на шампионите собраа шест бода од три натпревари.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.