SportM
Фудбал

Беше на работ да потпише за Барселона и сега се сели во Лидс?

Д М21 авг 2020
Беше на работ да потпише за Барселона и сега се сели во Лидс?

Пред неколку месеци, големиот напаѓач на Валенсија беше мета на Барселона, а сега можеше да заврши во Премиер лигата.

Имено, за неговите услуги се распрашува Марсело Биелса, тренерот на Лидс Јунајтед, кој е новост во Премиер лигата.

Валенсија е во голема финансиска неволја, па затоа ќе мора да продаваат ова лето, а еден од играчите кој скоро сигурно ќе си замине е Родриго.

Единствено прашање е дали тој ќе прифати трансфер во тим како Лидс, но сигурно е дека тој има и голема желба да дојде во Премиер лигата.

Останува да се види дали Биелса ќе може да го комплетира овој трансфер, но секако пред сè тоа е тренерот на Лидс кој треба да потпише продолжување на неговиот договор.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.