SportM
Фудбал

Беше вишок во Барселона, а синоќа постигна неверојатен гол за својот нов клуб кој ги воодушеви сите

Д М27 авг 2022
Беше вишок во Барселона, а синоќа постигна неверојатен гол за својот нов клуб кој ги воодушеви сите

Шпанскиот напаѓач Феран Јутгла на крајот од минатата сезона ја напушти Барселона и реши да потпише за Клуб Бриж.

 

Овој 23-годишен напаѓач минатата сезона неочекувано доби шанса во првиот тим на Барселона откако за нов тренер беше избран Чави Ернандез, кој ги воодушеви навивачите со неколку одлични натпревари.

 

Сепак, беше јасно дека Јутгла ќе се мачи за минутажа откако клубот го доведе Пјер-Емерик Обамејанг, а набргу потоа Мемфис Депај се опорави од повредата.

Јутгла потоа го загуби местото во првиот тим и до крајот на сезоната најмногу настапуваше за Барса Б, поради што летово одлучи дека е најдобро да ја напушти Барселона.

 

Тој реши кариерата да ја продолжи во Белгија и потпиша за Клуб Бриж, што за многумина беше изненадување, а Барса од неговиот трансфер инкасира пет милиони евра.

 

Сепак, Јутгла многу брзо покажа дека заминувањето во белгискиот клуб е полн погодок за него, бидејќи на почетокот на сезоната шпанскиот напаѓач игра во навистина неверојатна форма.

 

На шест натпревари од белгиската Јупитер Про лига, Јутгла постигна дури пет гола и успеа да забележи две асистенции, што покажува дека Клуб Бриж доби навистина големо засилување.

 

Клуб Бриж синоќа на гостински терен го победи Шарлроа со 3:1, а два гола постигна Јутгла. Најпрвин во 32. минута израмни на 1:1, а само четири минути подоцна го постигна вториот гол.

 

Јутгла ги воодушеви сите со гол за пресврт и водство на гостите од 2:1, бидејќи со одличен потег го измами дефанзивецот на домашната екипа, а потоа го совлада голманот за водство на Клуб Бриж.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.