Бевме многу подобри од другите“ – Пике ги негираше сите обвинувања на сметка на Барселона
Д М14 мар 2023

Поранешниот дефанзивец на Барселона , Жерар Пике, беше дециден дека клубот не плаќал судии, целосно негирајќи ги сите обвинувања кон шпанскиот гигант во последните денови.
„Би ја ставил раката во огнот дека Барселона не ги подмитувала судиите“, изјави Пике во интервју за „RAC1“, а потоа додаде:
“Колку и да сакаат да клеветат, тоа беше златна ера. Не само во однос на освоените титули, туку како се освоени. Се може да се преиспита – бевме многу подобри од другите. За добро или лошо, не се смета на судиите“.
* Во периодот опфатен со истрагата, Барселона освои 9 титули во Ла Лига, 6 Копа дел Реј и 4 трофеи во Лигата на шампионите!
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



