Connect with us

Фудбал

Без голови и асистенции, на чекор до најголемиот трансфер во кариерата

Адам Траоре е на излезната врата од Вулверхемптон.

Корпулентниот 25-годишен фудбалер оваа сезона одигра 20 натпревари за својот тим и нема постигнато никаков ефект (голови и асистенции), но и покрај тоа интерес за него покажуваат одредени клубови.

Британски Телеграф неодамна напиша дека за неговите услуги се заинтересирани лондонските клубови Тотенхем и Вест Хем Јунајтед, а шпански Спорт сега пренесува дека во целата приказна се вклучила и Барселона, каде што израснал Траоре.

Спортското раководство на Барселона смета дека доведувањето на Траоре би било одлично решение доколку Усман Дембеле реши да се откаже од сидрото и да го напушти клубот со кој му истекува договорот на крајот од актуелната сезона.

Барселона веќе има добри односи со Волците, а особено со Жорге Мендеш, агентот на играчот кој ги одведе Нелсон Семедо и Тринкао од Барселона во Вулверхемптон.

Весникот потсетува дека Траоре по заминувањето од Барселона во 2015 година одржуваше контакти и пријателства со Жорди Алба, Серхио Бускетс и Серхи Роберт, но добар пријател е и со Феран Торес, офанзивец кој штотуку пристигна во клубот од Манчестер Сити.

Како заклучок, Траоре не би требало да има проблем да се прилагоди на соблекувалната на Барселона и новата околина.

Да потсетиме, Волците ја одредиле цената за тоа, а таа е 25 милиони евра. Траоре има договор со Вулверхемтпон до крајот на следната сезона, односно до летото 2023 година.

Според тоа, Траоре е дете на Барселона, а во Англија е од 2015 година кога од Барселона Б се пресели во Астон Вила.

По една година тој потпишува за Мидлсброу, а од летото 2018 година е член на Вулверхемппон, па ќе биде интересно да се види дали неговата авантура во Молине и е дојдена до крајот.

Реклама

Facebook

Реклама