Connect with us

Други спортови

Без конкуренција, Босанец со глава искрши 160 бетонски цигли за 50 секунди, сруши светски рекорд и влезе во гинисова книга на рекорди (ФОТО)

Белмин Османбеговиќ (28) од Високо, БиХ постави нов Гинисов рекорд со кршење на 160 бетонски блокови со глава по направено салто. Основачот на таеквондо клубот Феникс го собори светскиот рекорд што претходно го држеше во Милано со 126 скршени блокови за 55 секунди.


Овој пат, за само 50 секунди по салтото, тој искрши дури 160 бетонски блокови, поставувајќи нов рекорд и заслужено стана сопственик на нов Гинисов рекорд. Белмин во Милано беше придружуван од неговиот тренер Мухамед Кахримановиќ, кој поседува над 50 Гинисов рекорди, меѓу кои најзабележителен е оној за кршење на кокос со лактот. Белмин е исто така успешен теквондост, со црн појас од трет дан, државен шампион и освојувач на повеќе од 50 медали.