SportM
Фудбал

„Би сакал да ги извлечат Реал или Јувентус бидејќи тие имаат прекрасни химни и јас би можел да ги пеам“ (ВИДЕО)

Д М12 дек 2020
„Би сакал да ги извлечат Реал или Јувентус бидејќи тие имаат прекрасни химни и јас би можел да ги пеам“ (ВИДЕО)

Одлична работа со тимот на РБ Лајпциг завршува младиот експерт Џулијан Нагелсман.

33-годишникот уште еднаш го однесе германскиот тим во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а во групната фаза беше елиминиран одличниот Манчестер јунајтед.

Во понеделник Лајпциг ќе го дознае ривалот, а Нагелсман посочува дека би сакал да ги извлечат Реал Мадрид или Јувентус, бидејќи тие имаат прекрасни клупски химни.

“Мило ми е што ме праша кој би сакал. Јас секогаш ги слушам химните на следниот ривал, а Реал Мадрид и Јуве имаат исклучително убави химни, па би сакал еден од овие клубови. Ќе видиме. Можам да го пеам химните, но не и во совршен шпански или италијански јазик“, се пошегува Нагелсман.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.