“Би сакал да видам како тимовите од Премиер лигата ќе поминат во Лига 1”

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани даде интересен коментар откако неговиот тим беше поразен од Ливерпул (3:2) во Лигата на шампионите.
Уругвајскиот напаѓач истакна дека не е чудно да се изгуби од еден од најдобрите тимови во Европа, но тој исто така имаше многу чуден коментар за споредбата во лигата во која се натпреваруваат овие тимови.
“Ливерпул е еден од најдобрите тимови во Европа и нормално е од таквата екипа да се загуби. Во овие натпревари понекогаш може да се победи, а понекогаш да се изгуби. Јас би сакал да видам како екипите од Премиер Лигата ќе поминат во Лига 1.”, рече Кавани додаде:
“Тоа нема никаква врска со нивото на кое е Лига 1 и не сакам ништо лошо да се каже за француското првенство, бидејќи Французите се светски шампиони и многу играчи доаѓаат од Лига 1”, изјави Кавани.



