„Би се самоубил ако ги загубевме тие три финалиња, но не бевме како играчи на Јувентус кои се навикнати да губат во финале“.

Легендарниот италијански дефанзивец Марко Матераци се потсети на неверојатната сезона што Интер ја имаше во 2010 година кога освоија тројна круна.
Интер е еден од ретките клубови што успеа да освои тројна круна, а тие успеаја во сезоната 2009/10. Клубот од „Меаца“ тогаш ја освои Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампиони.
Матераци беше стандарден првотимец на тимот предводен од Жозе Мурињо. Тој се потсети на таа сезона и ја искористи можноста да ги „прободе“ сите навивачи на лутиот ривал Јувентус.
“Тогаш одигравме три финалиња. Го освоивме Скудетото со победа против Сиена, Купот на Италија со победа против Рома и во финалето на Лигата на шампионите го победивме Баерн. Можам да кажам дека би се самоубил ако би ги загубиле сите тие финалиња тогаш. Не можам да издржам порази во финалето и едноставно сум таков“, рече Матераци, додавајќи.
“Јас не сум како играчите на Јувентус што навикнаа да ги губат во финале. Навистина доминиравме таа година и никој во Италија нема да го стори тоа повторно. Тоа е година што ќе ја паметиме засекогаш.”



