Бирмингем најде замена за Руни
Д М8 јан 2024

Фудбалскиот клуб Бирмингем денеска соопшти дека го назначил Тони Мовреј за нов тренер, кој со овој клуб од Чемпионшип потпишал договор на две и пол години.
Поранешниот менаџер на Селтик, Мидлсборо и Блекбурн ќе го замени Вејн Руни, кој беше отпуштен по само 83 дена.
Бирмингем падна од шестото на 20. место додека Руни беше на клупата, откако забележа само две победи во 15 натпревари.
Мовбреј (60) е слободен откако беше отпуштен од Сандерленд на почетокот на декември. Тој минатата сезона го предводеше тој тим во плеј-офот за промоција во Премиер лигата, но беше поразен од Лутон во полуфиналето.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



