Болна шлаканица за Барселона од првиот човек на Ла Лига

Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас објави дека Барселона во моментов нема можност да го ангажира Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач е голема желба на каталонскиот клуб. Често се зборува за негово доаѓање во клубот, но Тебас тврди дека тоа во моментов не е можно, а тоа е поради финансиски причини.
“Во моментов Левандовски не може да оди во Барселона. Тие немаат можност да го ангажираат. Некои работи треба да се средат, но не знам дали ќе се случат. Правилата и бројките се јасни. Ако Имате повеќе од 500 милиони загуби од претходните две години, мора да најдете начин да ги вратите за да можете да потпишете со играчи без никакви проблеми“, рече Тебас, додавајќи:
“Левандовски има договор со Баерн на една година. Со оглед на тоа колкава плата сака играчот и обештетувањето кое Баерн го сака, не гледам можност Барселона да го доведе во моментов.”
Запрашан од новинарите дали продажбата на Френки де Јонг сепак може да и дозволи на Барселона да потпише со Полјакот.
„Може да биде доволно, но зависи од цифрата за која ќе биде продаден и од цифрата што Левандовски ќе ја земе како плата. Мора да почекаме и да видиме колкава амортизација од продажбата на Де Јонг може да биде. Не знам кој е планот на Барселона“, рече тој.



