SportM
Фудбал

Болоња испрати понуда до Кин

Д М10 дек 2019
Болоња испрати понуда до Кин

Младиот италијански напаѓач Моизе Кин летово го напушти Јувентус и одлучи да потпише за Евертон.

Клубот од „Гудисон“ издвои дури 30 милиони евра за него, но Кин сè уште не ги исполни очекувањата. Англиските медиуми пренесуваат дека по само шест месеци, овој 19-годишен напаѓач би можел да го напушти Евертон.

Челниците на Евертон, наводно, се подготвени да го испратат Кин на позајмица до крајот на сезоната во клуб каде би имал сериозна минутажа. Интересот за него е изненадувачки голем, а изгледа дека повторно ќе го гледаме во Серија А во вториот дел од сезоната.

Според „Gazzetta dello Sport“, Болоња покажа голем интерес за Кин, кој сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната. Откако Златан Ибрахимовиќ стана невозможна мисија за Болоња, тие решија да го пробаат Кин и веќе испратија понуда до Евертон.

Овој 19-годишен напаѓач досега одигра 11 натпревари оваа сезона и не успеа да постигне гол.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.