SportM
Фудбал

„Бомба“ од Англија: Јунајтед ангажира неверојатно засилување од Лондон

Д М20 јун 2019
„Бомба“ од Англија: Јунајтед ангажира неверојатно засилување од Лондон

Манчестер јунајтед не сака да му се повтори минатата сезона, во која беше еден од најголемите губитници во англискиот фудбал, па поради тоа раководството на клубот од „Олд Трафорд“ планира спектакуларен трансфер.

Според англиските медиуми, „ѓаволите“ сакаат ново засилување во нападот, а наводно се подготвени да платат дури 80 милиони евра за голгетерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој претходната сезона постигна 31 гол и осум асистенции во 51 меч во сите натпреварувања.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солшер планира да се ослободи од Ромелу Лукаку, кој го бара Интер, а исто така сака да се ослободи од Алексис Санчез, па така ќе има повеќе средства во буџетот.

Извор: sport1.mk

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.