SportM
Фудбал

„Бомба“ од Борусија Дортмунд од никаде!

Д М31 авг 2023
„Бомба“ од Борусија Дортмунд од никаде!

Борусија Дортмунд се договори за пристигнувањето на асот на Вердер Никлас Фулкруг во финишот на преодниот рок, пренесуваат германските медиуми.

Трансферот неофицијално ќе изнесува околу 15 милиони евра и со германскиот репрезентативец ќе биде потпишан договор до 2026 година.

Фулкруг имаше феноменални последните две сезони за Вердер со 37 гола на 61 натпревар.

Мина низ помладите редови на Вердер Бремен, беше позајмен во Гоитер Фирт, потоа имаше трансфери во Нирнберг и Хановер, за на крајот да дојде чекор поблиску до еден од најголемите клубови во Германија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.