SportM
Фудбал

„Бомба“ од Шпанија, Алварез добил писмена дозвола од Атлетико да преговара со Барселона!

Редакција31 авг 2026
„Бомба“ од Шпанија, Алварез добил писмена дозвола од Атлетико да преговара со Барселона!

Атлетико Мадрид му дал писмена дозвола на Хулијан Алварез за преговори за трансфер во Барселона, ексклузивно објавува „El Chiringuito TV“. Алварез во текот на летниот преоден рок отворено зборуваше дека сака да го напушти Мадрид и да го оствари својот детски сон – да се приклучи на Барселона.

Иако Атлетико досега цврсто стоеше на ставот дека не сака да го продаде на директен ривал, сега дојде до голем пресврт. Новинарот Жорди Хота тврди дека „Јорганџиите“ му дале на напаѓачот писмена согласност за разговори со каталонскиот клуб.

Хота наведува дека лично го видел документот и најави дека на 2 септември ќе ги открие доказите и документите со кои ја потврдува својата приказна. Алварез е клучен играч на Атлетико откако во 2024 година пристигна од Манчестер Сити, а има постигнато 49 голови и 17 асистенции на 107 настапи. Аргентинецот има договор со Атлетико до 2030 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.