Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Шпанија, Столе Димитриевски нов голман на Валенсија

Македонскиот голман Столе Димитриевски следната сезона ќе го носи дресот на Валенсија. Угледниот новинар кој важи за „трансфер гуру“ Фабрицио Романо објави дека се е договорено. Според него, Столе Димитриевски потпишал четиригодишен договор со Валенсија кој ќе биде со важност до 2028-ма година. Финансиските детали засега не се познати. Димитриевски се сели во Валенсија како слободен играч бидејќи договорот со Рајо Валјекано му истекува ова лето.

Во својата кариера Столе Димитриевски ги бранеше боите на Работнички, потоа за Гранада, Кадиз, Химнастик и последно Рајо Валјекано.