SportM
Фудбал

Бонучи направи шоу на прес-конференцијата: Пиеше пиво и кока-кола, а потоа направи и селфи (ВИДЕО)

Д М13 јул 2021
Бонучи направи шоу на прес-конференцијата: Пиеше пиво и кока-кола, а потоа направи и селфи (ВИДЕО)

Италија во неделата ја победи Англија во финалето на Европското првенство на Вембли.

Италијанците успеаја да дојдат на тронот во Европа откако по пенали успеаја да ја совладаат Англија во финалето. Азурите имаат неверојатен период зад себе во кој доминираа, и заслужено ја освоија титулата.

Во финалето, Англија беше на чекор до победата што ја чекаа со децении, но на крајот, Италијанците успеаја да слават и да ја продолжат агонијата на Англичаните.

Херој на последниот натпревар беше Леонардо Бонучи кој постигна гол за 1:1 на средината на второто полувреме, а потоа беше сигурен во пенал рулетот.

Затоа Бонучи е заслужено избран за играч на натпреварот, а за време на прославата малку ги испровоцира Англичаните кога на камерата извика: „Фудбалот се враќа во Рим“.

И по прославата, Бонучи направи шоу на прес-конференцијата каде се појави со селекторот Роберт Манчини.

Искусниот дафанзивец комбинирано пиеше пиво и кока-кола, и не ја симнуваше насмевка од лицето за време на неговите изјави. На крајот од прес-конференцијата, тој реши да направи уште едно селфи со својот селектор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.