Борбата за Златната топка остана на две имиња

Изборот за Златната топка оваа година изгледа е многу полесен, ако се суди според анализите кои ги објавија светските медиуми.
Две имиња најверојатно ќе влезат во потесниот избор, а тоа се Карим Бензема и Садио Мане.
Тоа значи дека финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе биде клучно за освојување на Златната топка.
Ако Реал го освои трофејот Бензема, многу е блиску, ако Ливерпул слави во Париз, Мане е блиску до ласкаво признание.
Мане има мала предност бидејќи на почетокот на годината со Сенегал го освои Африканскиот куп на нации, но по финалето во Лигата на шампионите се ќе биде многу појасно.
Далеку зад Бензема и Мане е Роберт Левандовски кој е трет кандидат за Златната топка. Полјакот и оваа сезона е првата виолина на Баерн, но Баварците беа елиминирани од Виљареал во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
На другите кандидати речиси и да не им се даваат минимални шанси, а интересно е што во првите десет ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо.



