Борусија му носи на Ерлинг Халанд одличен партнер во напад

Борусија Дортмунд ги презема младите надежи без никакви проблеми од англиските клубови.
Џејдон Санчо експлодираше во дресот на овој клуб, а близу до доаѓање е и талентираниот играч од средниот ред Белингем (16) од Бирмингем, но екипата од Дортмунд не размислува само да биде среќен со него.
„ЕСПН“ дознава дека германскиот гигант е заинтересиран да го донесе 18-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд.
Талентираниот напаѓач игра навистина добро за првиот тим на „црвените ѓаволи“. Тој ја искористи најголемата можност, но прашање е колку простор ќе има за нго во составот за следната сезона.
Во ова, Борусија ја гледа својата шанса да го доведе во своите редови. Тие ќе се обидат да донесат уште една млада sвезда која заедно со Ерлинг Халанд би направиле навистина спектакуларно дуо.
Гринвуд собра неверојатни 38 настапи оваа сезона и постигна 14 голови, што е секако импресивно за 18-годишник.



