Братот на Снајдер потврди: Кај него се вратила желбата за повторно да игра фудбал
Д М15 јул 2020

Џефри Снајдер, братот на познатиот фудбалер Весли Снајдер, зборуваше за желбата на неговиот брат да се врати во фудбалот.
Неодамна се пишуваше во медиумите ширум светот дека Утрехт му предложи на играчот да ја продолжи кариерата.
„Весли сака да ослабе и да биде на работа. Тој рече дека кај него можеби се вратила желбата за повторно да игра фудбал. Брат ми сака да го доживее чувството – како е да се биде на теренот по некое време без фудбал. Тоа кај него би предизвикало задоволство“, изјави Џефри Снајдер.
За потсетување, на почетокот на овој месец, кариерата ја возобнови екс-напаѓачот на холандската репрезентација Арјен Робен.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



