SportM
Фудбал

Бразилската ѕвезда ги потврди преговорите со Реал

Д М12 окт 2022
Бразилската ѕвезда ги потврди преговорите со Реал

Бруно Гимараеш (24) се пресели од Лион во Њукасл Јунајтед во јануари 2022 година за неверојатни 42,1 милиони евра.

Од тогаш Бразилецот е составен дел од „Страчките“, а играјќи добро го привлече интересот на гигантите од Мадрид. Тој постигна два гола во победата од 5-1 против Брентфорд минатиот викенд.

Навивачите на „Џејмс Парк“ го слават, а големите екипи го гледаат. Сега и самиот играч потврди дека има контакт со Реал.

“Тука се чувствувам како дома! Имаше разговори со Реал Мадрид, тие се најголемиот клуб во светот. Но, тоа беше само разговор, ништо повеќе. Никогаш не се сомневав во овој проект, верував во него од самиот почеток. Секогаш сакав да играм во Премиер лигата и да уживам. Навивачите ме сакаат и јас ги сакам нив. Не се шегувам, тука се чувствувам како дома“, изјави Гимараеш.

Овие негови зборови секако не одат во прилог на Реал, како и на клубовите кои планираат да го купат, но се може да се случи до следното лето.

Гимараеш има договор со Њукасл до 2026. Доколку Реал навистина сака да стане сериозно, ќе мора да плати повеќе од моменталната пазарна вредност на Бразилецот од 50 милиони евра.

 

24-годишниот фудбалер дебитираше за бразилската репрезентација во ноември 2020 година и оттогаш одигра осум натпревари за Селекао.

Реал Мадрид летово потроши 80 милиони евра за дефанзивниот играч за врска Аурелиен Чоамени (22) и всушност е подготвен за иднината на оваа позиција. Во исто време, сепак, Лос Бланкос го загуби и Касемиро (30). Бразилскиот соиграч на Гимараеш премина во Манчестер Јунајтед за 70,65 милиони евра.

Англискиот весник „Дејли мејл“ пренесува дека за Гимараеш треба да се интересира и Манчестер Сити. Бразилецот, кој игра добро и се бори, одлично се вклопува во системот на тренерот Пеп Гвардиола, се вели.

Сепак, Њукасл одамна е во рацете на богатите луѓе кои нема да имаат проблем да ги задржат клучните играчи и парите, како и во повеќето случаи, нема да бидат одлучувачки фактор овде, туку само евентуалната желба на играчот и подготвеноста на клубот да му дозволи направи нов и поголем чекор во кариерата.

За многу играчи, особено оние од Бразил, желбата е да го носат дресот на гигантите како Реал или Барселона, со сета почит кон страчките…

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.