Бразилскиот напаѓач ги провоцира Аргентинците
Д М6 сеп 2021

Дербито меѓу Бразил и Аргентина во неделата беше прекинато по само пет минути игра.
Бразилците открија дека Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез и Емилијано Буенда не биле во задолжителниот 14-дневен карантин кога пристигнале од Англија.
Официјалните лица инсистираа на депортирање на играчите, поради што натпреварот беше откажан, а сега не е познато дали и кога ќе се одигра.

Бразилската репрезентација на крајот го одработи тренингот, а напаѓачот на таа репрезентација Ричарлисон ја пренесе објавата на страницата Десимпедидос, во која се наведува дека Аргентина загуби од Анвиса со 1:0.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



