SportM
Фудбал

Бразилците за српските напаѓачи: „Па тие се опасни?

Д М25 ное 2022
Бразилците за српските напаѓачи: „Па тие се опасни?

Бразилците се радуваа по победата од 2:0 над Србија на отворањето на Светското првенство во Катар.

Тие се плашеа од српските напаѓачи Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ, а по натпревар во кој овие двајца немаа ниту една шанса да постигнат гол и во немаa ниту едно смислено додавање во фазата на напад.

Познатиот бразилски спортски новинар Серхио Сантана во изјава особено ги нападна напаѓачите на Србија и напиша дека „српските ѕвезди“ Митровиќ и Влаховиќ не се виделе на теренот.

Тој посочува дека бразилските стопери Тијаго Силва и Маркињос го ставија во „џеб“ Митровиќ, кој беше стартер, и спречија да дојдат до израз неговите најголеми атрибути – скок играта и физичката сила.

Се вели и дека Србија со влегувањето на Влаховиќ имаше две „кули близначки“ во шеснаесетникот, но дека и со ваква постава не можеше да се закани. Тој исто така нагласува дека голманот Алисон немала што да прави 90 минути фудбал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.