SportM
Фудбал

Брука на „кралевите“ во „Ел класико“: Барса го прегази Реал на Ноу Камп

Д М28 окт 2018
Брука на „кралевите“ во „Ел класико“: Барса го прегази Реал на Ноу Камп

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 5:1 во големото „Ел Класико“, кој денеска се играше на „Камп Ноу“.

Поради лошата форма на „кралевите“, Барса во овој натпревар влезе како благ фаворит и на крајот дури и без повредениот Лионел Меси го совлада Реал Мадрид, а тренерот на Реал, Јулен Лопетеги сигурно веќе почнал да си ги пакува работите.

Барса имаше одлично прво полувреме и по 45 минути од натпреварот тие постигнаа два гола предност. Во 11. минута по асистенција на Жорди Алба, Филип Кутињо постигна гол за водство од 1:0.

Вториот гол беше постигна од пенал во во 30. минута. Варане беше несигурен, го фаулира Суарес во шеснаесетникот и беше досуден пенал за Барса. Уругвајецот ја презеде одговорноста и беше прецизен за 2:0.

Со овој резултат екипите заминаа на полувреме, а во 50. минута Реал успеа да се врати на натпреварот и преку Марсело намали на 2:1.

Сепак, тоа беше се од актуелниот шампион во Европа. До крајот, Барса доминираше, а Луис Суарес во (75. и 83.) постигна уште два гола, па ги потопи „кралевите“ со резултат од 4:1.

Конечниот резултат од 5:1, го постави Артуро Видал во 87. минута.

Ова беше тежок пораз за Реал, кој е деветти на табелата, додека Барселона е прва со седум бодови повеќе од лутиот ривал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.