SportM
Фудбал

Бруно Фернандес со жестоки критики кон соиграчите од Спортинг

Д М28 сеп 2019
Бруно Фернандес со жестоки критики кон соиграчите од Спортинг

Скандалозна снимка на која се слуша Бруно Фернандес како ги критикува некои од клупските колеги, ја шокираше португалската фудбалска јавност.

Капитенот на Спортинг вели дека некои од играчите на Спортинг потпишуваат договори на една година, си ги земаат парите и си одат. Тој додаде оти не сака да игра со фудбалери на кои во мислите им е само како да го напуштат клубот, а на снимката се слушаат и навреди кон тие играчи.

Член на Спортинг е и нашиот бек Стефан Ристовски, кој во 2017 година дојде во клубот. Не се знае дали Бруно мислеше и на него.

Агентот на Фернандес, Мигел Пинто, се обиде да го оправда својот клиент. Рече дека изјавата е извадена од контекст, а и се запраша како тоа аудио снимка од приватен разговор се нашла во медиумите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.