Connect with us

Фудбал

Бруно Фернандеш промаши пенал, а потоа голманот на Арсенал почна да скока пред него (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал денеска на домашен терен го победија Манчестер Јунајтед со 2-1 во дербито од 34. коло на Премиер лигата.

„Топчиите“ дојдоа до многу важна победа во борбата за место кое води во Лигата на шампионите, додека од друга страна Јунајтед е се подалеку од најелитното клупско натпреварување во светот.

Арсенал победи со 3-1 во одличната партија на „Емирати“, иако Манчестер Јунајтед денеска пропушти голем број прилики.

Трагичар на гостите беше Бруно Фернандеш, кој во 57. минута од натпреварот промаши пенал при резултат 2:1 и пропушти можност целосно да ги врати „црвените ѓаволи“ во игра.

Многумина очекуваа пеналот да го изведе Кристијано Роналдо кој денеска го постигна единствениот гол за Јунајтед. Но наместо Роналдо, топката на белата точка ја постави Фернандеш кој на крајот ја погоди стативата.

Колку ова промашување на Фернандез му значеше на Арсенал најдобро покажува реакцијата на голманот на овој тим Рамсдејл кој од радост скокна пред разочараниот Португалец.

 

Реклама

Facebook